ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
21.07.2015 Health Policy and ManagementNews

СЗО Европа го објави Извештајот од меѓународната работилница за антимикробна резистенција

Антимикробната резистенција (АМР) е една од најголемите здравствени закани денес, како во здравствените установи, така и во заедницата. Препознавајќи ја потребата од меѓусекторски и интердисциплинарен, но и од меѓународен пристап во справувањето со овој јавно-здравствен предизвик, а во согласност со целите на Европскиот стратегиски акциски план за антибиотска резистенција од 2011 година, Регионалната канцеларија на […]

15.09.2014 Health Policy and Management

Успешен старт на процесот на самопроценка на јавно-здравствените операции во Македонија

Процесот на самопроценка на јавно-здравствените операции во Македонија отпочна со тридневна работилница во Охрид, во присуство на експерти од СЗО и владини претставници, чинители од здравствениот и другите сектори од Македонија ги оценуваа јавно-здравствените операции со помош на алатката на СЗО за самопроценка.

20.10.2013 The New Media & The Society

„Ние сме визуелни“: Меѓународна конференција во Амстердам

По низа месеци поминати во договарања, преговарања, безброј мејлови и преводи и збогатени со успешно организираните визуелни работилници, обуките во Амстердам и Нирнберг, многу визуелни дизајни и уште повеќе прекрасни документарни филмови најпосле следи и завршната конференција на „Ние сме визуелни!“. Осмислена како дводневен визуелен настан во изобилството од фестивалски документарни наслови за време на […]

28.06.2013 The New Media & The Society

„ЈутЛИНК“ влегува во втората фаза: Камп за иновација во Сараево

Четиридневниот Камп за иновација којшто се одржа во Сараево, го посетија приближно 110 млади луѓе од шест балкански земји. Поделени во десет помали групи и поддржани од ИТ-експерти, тие два дена тимски работеа за да ги претворат своите проектни идеи во реалност. Завршната церемонија, пак, потврди дека нивниот труд не беше залуден!

28.03.2013 The New Media & The Society

„ЈутЛИНК“ започнува: Локална работилница во Скопје

Замислен како четиригодишен проект којшто се фокусира на дел од клучните предизвици за стабилноста и мирот на Балканот, „ЈутЛИНК: Поврзување на иноватори кои делуваат за промена“ поддржува група млади луѓе коишто посветено работат кон прекугранично градење доверба и носење позитивни општествени промени. Со цел да ги остварат зацртаните проектни цели, „Интерњуз“ и шесте партнери организираа еднодневни работилници во секоја од земјите на партнерските организации.

27.02.2013 NewsThe New Media & The Society

„ЈутЛИНК“: Повик за пријавување на локална работилница

„Интерњуз“–Босна и Херцеговина и партнерите од регионот отпочнаа со спроведување на проектот „ЈутЛИНК: Поврзување на иноватори кои делуваат за промена“.
Фокусирајќи се на нетолеранцијата и дискриминацијата како едни од најголемите предизвици за стабилноста и мирот на Балканот, проектот поврзува млади луѓе од шест земји во регионот овозможувајќи им, притоа, да создадат нови он-лајн социјални платформи и основа за оф-лајн соработка на локално ниво.