Заврши вториот круг на Пилот обуката за активно граѓанско учество03 декември 2009 година, 11:00 часот во ЕУ Инфо Центар, Скопје Центарот за регионални истражувања и соработка Студиорум (ЦРИС Студиорум) со поддршка на Асоцијацијата на агенции на локална демократија (Association of Local Democracy Agencies, ALDA) ја спроведе втората година на пилот обуката за активно граѓанство. Оваа обука има за цел да го зајакне капацитетот и знаењето на локалните власти и граѓанските организации за активното граѓанско учество во македонски и европски контекст. Во овој круг беа вклучени општините Битола и Прилеп со претставници од единиците на локалната самоуправа и претставници на граѓанските организации.
Обуките се одржаа во три модули, А, Б и Ц. Првиот модул – модул А беше одржан во просториите на општина Битола на 6 и 7 ноември 2009 година, домаќин беше општината Битола. Вториот модул се одржа во просториите на Фондацијата за поддршка и развој на 20 ноември 2009 година со општината Прилеп како домаќин. Од работата на Модулот Б во Прилеп
Вториот круг на обуки беше затворен со втората Конференција за активно граѓанско учество која се одржа во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје на 03 декември 2009 година. На оваа конференција се обратија г-ѓа Неда Милевска-Костова, извршен директор на ЦРИС Студиорум и г-ѓа Камил Ганглоф, програмски координатор од АЛДА, Стразбур, г-ѓа Емилија Героска, помлад соработник за јавни односи во Општина Битола, Ане Лашкоска, Шеф на кабинет на општина Прилеп и Билјана Котевска од ЦРИС Студиорум. Целта на овој настан беше да се развие јавна дебата за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво, како и напредок во процесот на децентрализација.
Вакви обуки АЛДА со своите партнери истовремено спроведува и во Франција, Италија, Данска и Литванија. ЦРИС Студиорум е добитник на АЛДА сертификатот за придонес во областа на активното граѓанство за 2008-2009 година. Настанот во медиумите: |
Meta |





