Тековен проект: “Е-панели: промовирање на граѓанското учество и волонтерство во проширена Европа“ - Обука и дебата со активатори на граѓански панели Скопје, 25 мај, 2010 година

Како дел од активностите од проектот Е-панели на 25 мај, 2010 година во Скопје се одржа ИКТ обука и дебата со активаторите на граѓански панели, спроведена од страна на Фондацијата Метаморфозис. На настанот беа присутни претставници од Центарот за современа ромска уметност и нови медиуми “Медиа База“, Ениса Еминовска и Аљуш Еминов кои се активатори во проектот. Како останати активатори вклучени се и Емилиа Героска, претставник на Општина Битола и Дарко Булдиоски и Сеад Џигал од Центарот за нови медиуми од Скопје.

Улогата на активаторите во проектот Е-панели е да ги започнат и модерираат дискусиите кои ќе се одвиваат на онлајн форумот активиран во склоп на веб-страната Е-панели (http://mk.e-panels.eu). Во профилот на активатори спаѓаат активни граѓани од заедницата (вклучени во локалниот живот во заедницата како волонтери, во НВОа, од локалната самоуправа).

За време на настанот се отвори дискусија за потенцијални теми за кои граѓаните во Македонија би можеле да дискутираат на форумите, поврзани со Европската Унија, но и актуелни теми поврзани со случувањата во нашата земја. Се планира во следните неколку недели веб-порталот целосно да биде во функција, кадешто граѓаните ќе може да ги објавуваат своите размислувања, ставови, како и слики, аудио и видео-материјал поврзан со темите на форумот.

Дополнителни информации и линкови:
Студиорум: http://studiorum.org.mk/en/?p=618&lang=mk
Е-панели главна веб-страница: www.e-panels.eu
АЛДА Активно граѓанско учество:
http://www.alda-europe.eu/index.php?option=com_content&view=article&catid=38:active-citizenship&id=424:e-panels-project-fostering-citizens-participation-and-volunteering-in-a-wider-europe&Itemid=103

Thursday, May 27th, 2010 Вести
 
studiorum.org.mk

Archive

Meta