ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
27.05.2011 Health Policy and ManagementNews

Промоција на правната анализа на законската рамка за ХИВ/СИДА во Македонија

Анализата покажува како постоечката законска регулатива ги адресира потребите на луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА или се под ризик, од аспект на човековите права. Тука е вклучен и пристапот на овие луѓе до здравствена заштита, здравствени и социјални услуги, вработување, правна заштита, образование, како и почитувањето на нивното право на заштита на приватност и доверливост. Направена е и нејзина споредба со меѓународните стандарди и дадени се препораки за надминување на постоечките недостатоци.

29.04.2011 Health Policy and ManagementNews

Студиорум учествуваше на конференција за научно-општествените истражувања во Македонија

На 14 април 2011 година, во хотелот Континентал во Скопје беше одржана конференција на тема „Состојбата на научно-општествените истражувања во Република Македонија”. Овој настан го привлече вниманието на повеќе тинк-танк организации од Македонија, претставници од државните и приватните универзитети, Министерството за образование и наука, како и независни истражувачи.

20.03.2011 Human Rights ProgramNews

„Користење на информациите и податоците за зголемена комуникација и застапување“, 17-18 март 2011 година, Будимпешта

Претставничка на ЦРИС Студиорум учествуваше на „Користење на информациите и податоците за зголемена комуникација и застапување“, настан за градење на капацитети организиран од Програмата за информации и од Фондот за тинк-тенкови на Институтот за отворено општество.

24.02.2011 Health Policy and ManagementHuman Rights ProgramNews

Одржан вториот координативен состанок на правниците-практиканти во Истанбул

Во Истанбул, Турција се одржа вториот координативен состанок на правниците-практиканти и партнерите во проектот „Следење и унапредување на имплементацијата на регулативата за човекови права во здравствената заштита“. Целта на состанокот беше да се дефинираат и усогласат идните проектни активностите, да се воведат новите партнери и да се споделат искуствата.

01.02.2011 Health Policy and ManagementNews

Студиорум учествува во глобалниот проект „Судска практика поврзана со правото на здравје“

ЦРИС Студиорум започна со активностите во рамки на глобалниот проект „Судска практика поврзана со правото на здравје“. Овој проект беше инициран од специјалниот известувач на Обединетите нации за право на здравје, г. Ананд Гровер, а е координиран од страна на „Лојерс колектив“ (Lawyers Collective) од Индија.

15.11.2010 News

Почеток на проектот „Поминување на бариерата од 20%“

ЦРИС Студиорум отпочна со реализација на проектните активности предвидени со проектот „Ефективно учество на помалите етнички заедници во Македонија: поминување на бариерата од 20%”. Целта на проектот е да даде критичка оценка на влијанието на Охридскиот рамковен договор врз правата на помалите етнички заедници, a во предвечерието на десетгодишнината од неговото потпишување.

02.11.2010 EventsNews

Семинар “Независното истражување на применети политики и реформата на процесите на креирање политики во западен Балкан – Која улога за тинк-тенковите?” – Европски фонд за Балкан, Белград, Србија, 20-21 октомври 2010

Во рамки на Програмата за истражувачи на применети политики од Западен Балкан за 2010 година, м-р Билјана Котевска – истражувач во ЦРИС Студиорум учествуваше на семинарот организиран од Европскиот фонд за Балкан на тема “Независното истражување на применети политики и реформата на процесите на креирање политики во западен Балкан – Која улога за тинк-тенковите?”.