ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
19.02.2010 News

Повторно отворање на Локална агенција за демократија (ЛДА) во Косово, 10-12 февруари, Косово

Претставници на ЦРИС Студиорум учествуваа во серија состаноци организирани од Асоцијацијата на локални агенции за демократија (АЛДА) на 10 и 11 февруари во Приштина и Печ по повод планираното повторно отворање на Локална агенција за демократија во Косово. Состаноците се одржаа во просториите на Заедницата на општини на Косово и во Општина Печ.

16.02.2010 NewsThe New Media & The Society

Е-Панели: Промовирање на граѓанско учество и волонтерство во поширока Европа

Е-Панели: Промовирање на граѓанско учество и волонтерство во поширока Европа 3-4 март, 2010 г. Хотел Карпош, Скопје Центарот за регионални истражувања и соработка “Студиорум” и Асоцијацијата на локални агенции за демократија (АЛДА) ја организираа Воведната меѓународна конференција за започнување на проектот “Е-панели: Промовирање на граѓанско учество и волонтерство во поширока Европа”. Конференцијата го одбележи почетокот […]

15.02.2010 Health Policy and ManagementHuman Rights ProgramNews

Студиорум доби грант за истражувачки проект од Регионалната програма за промоција на истражувањето

ЦРИС Студиорум е еден од добитниците на истражувачки грант за 2010/11 година кои ги доделува Регионална Програма за Поттикнување на Истражувањето (РРПП). Со Програмата раководи Универзитетот од Фрибург, а е финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка. РРПП во земјите од Западен Балкан има за цел да ги промовира и зајакне истражувачките капацитети во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.

03.02.2010 Health Policy and ManagementNews

ЦРИС Студиорум е еден од добитниците на наградата „Бисер на мудроста“ за 2010 година

Наградата „Бисер на мудроста“ се доделува на лица и организации кои дале несебичен придонес за спречување на појавата на рак на грлото на матката во своите заедници. ЦРИС Студиорум како дел од македонскиот тим е добитник на признанието за програмата Прогресивна имплементација на организирана превенција од рак на грлото на матката.

23.12.2009 Health Policy and ManagementNews

ЕЦЦА ќе ја додели наградата „Бисер на мудроста“ на Студиорум и неговите партнери

Проектот „Прогресивна имплементација на програмата за организирана превенција на рак на грло на матка“ беше избран од членките на Европската асоцијација за цервикален рак (ЕЦЦА) за наградата „Бисер на мудроста“ на престојниот Состанок за цервикален рак, кој ќе се одржи во Европскиот парламент на 26-27 јануари 2010 година.

09.12.2009 Events

Меѓународен ден за борба против корупцијата 9 декември – Студиорум и Европски Линк Центар, Гостивар

По повод меѓународниот ден за борба против корупцијата, 9 декември, граѓанската организација Европски Линк Центар од Гостивар заедно со Општина Гостивар и УНДП канцеларијата во Македонија организираше јавна дебата што воедно беше и одбележување на датумот 9 декември во рамките на општината Гостивар. ЦРИС Студиорум беше поканет да ги претстави своите активности во полето на […]

03.12.2009 Events

Заврши вториот круг на Пилот обуката за активно граѓанско учество

03 декември 2009 година, 11:00 часот во ЕУ Инфо Центар, Скопје Центарот за регионални истражувања и соработка Студиорум (ЦРИС Студиорум) со поддршка на Асоцијацијата на агенции на локална демократија (Association of Local Democracy Agencies, ALDA) ја спроведе втората година на пилот обуката за активно граѓанство. Оваа обука има за цел да го зајакне капацитетот и […]