ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
03.12.2009 News

Поттикнување на активното европско граѓанство на Балканот: Градење Европа преку збратимување на градови и мрежа на граѓанско општество

Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) во соработка со Европскиот граѓански форум на 4 декември 2009 г. ја организираше конференцијата “Поттикнување на активното европско граѓанство на Балканот: Градење Европа преку збратимување на градови и вмрежување на граѓанското општество” во Скопје, Македонија.

30.11.2009 Events

Програма за практичари по антикорупција (ПАП) последователна средба, ноември 27-29, 2009, Истанбул, Турција

ЦРИС Студиорум беше поканет да земе учество на 12тата средба во рамките на програмата “Working Together” организирана од Partners Foundation for Local Development – ФПДЛ од Романија. Средбата исто така служеше за евалуација на ПАП програмата за 2009 во која Студиорум зеде учество од самиот почеток. Целите на средбата беа членовите на ПАП мрежата да: […]

25.11.2009 Health Policy and ManagementNews

Студиорум беше домаќин на Конференцијата на евро-азиската иницијатива за безбедност на пациенти

Во рамките на постојаните заложби за подобрување на почитувањето на правата на пациентите и квалитетот на здравствените услуги преку унапредување на безбедноста на пациентите и овозможување услови за работа на здравствените работници, во Скопје во хотелот Континентал од 19 до 21 ноември оваа година се одржа Евроазиската конференција за безбедност на пациентите во организација на Центарот за регионални истражувања и соработка “Студиорум” и Евроазиската иницијатива за безбедност на пациентите. 

13.10.2009 Health Policy and ManagementNews

Назначен новиот извршен одбор на Пан-европската политичка мрежа за спречување на цервикалниот рак

Европската мрежа која се состои од 250 национални и европски политичари, Политичари за превенција на цервикален рак, денес го најави назначувањето на Едита Естрела, ПЕП и Маријан Харкин, ПЕП и Д-р Силвана Коч-Мерин, ПЕП и потпретседателка на Европскиот парламент, кои ќе му се придружат на Франсоаз Гросет, ПЕП, на новиот извршен одбор.

02.10.2009 EventsNews

Конференција “Борба против корупција за подобро управување”

ЦРИС Студиорум во соработка со FPDL “Partners Foundation for Local Development”, Романија и УНДП канцеларијата во Македонија беше домаќин на еднодневна конференција на тема “Борба против корупција за подобро управување”. Конференцијата се одржа на 15 октомври 2009 г. во Скопје.

News

Почеток на втората година на спроведување на Пилот обуката за активно граѓанско учество

По успешното завршување на првата година од Пилот обуката за активно граѓанско учество, Центарот за регионални истражувања и соработка – ЦРИС Студиорум со поддршка на Асоцијацијата на локални агенции за демократија (Association of Local Democracy Agencies, ALDA) започна со спроведувањето на втората година на пилот обуката за активно граѓанство. Оваа обука има за цел да […]

12.08.2009 News

Повик за трудови: Евродијалог, списание за европски прашања

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум” објавува повик за трудови за есенското издание на Евродијалог, списание за европски прашања, број 12. Повикот е отворен до 15 септември 2009 г., за приложување на КОМПЛЕТНИ текстови или завршни драфт-текстови.