ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
15.06.2010 News

„Овозможување на пристап на Ромите до документи за лична идентификација: Регионален предизвик” Конференција на Совет на Европа во Скопје 14-15 јуни 2010

„Овозможување на пристап на Ромите до документи за лична идентификација: Регионален предизвик” Конференција на Совет на Европа во Скопје 14-15 јуни 2010 Претставници на ЦРИС Студиорум учествуваа на конференцијата “Овозможување на пристап на Ромите до документи за лична идентификација: Регионален предизвик”. Конференцијата беше организирана во рамки на македонското претседателство со Советот на Европа.

31.05.2010 Health Policy and ManagementNews

Учество на колоквиум за истражувачки методи за анализа на секундарни податоци

Како дел од серијата колоквиуми за изучување на методологија, организирани од Регионална програма за поттикнување на истражувањето (Regional Research Promotion Programme – RRPP) член на истражувачкиот тим на ЦРИС Студиорум учествуваше на вториот колоквиум за анализа на секундарни податоци во Приштина, Косово, од 27 до 28 мај 2010 година.

27.05.2010 News

Тековен проект: “Е-панели: промовирање на граѓанското учество и волонтерство во проширена Европа” – Обука и дебата со активатори на граѓански панели Скопје, 25 мај, 2010 година

Како дел од активностите од проектот Е-панели на 25 мај, 2010 година во Скопје се одржа ИКТ обука и дебата со активаторите на граѓански панели, спроведена од страна на Фондацијата Метаморфозис. На настанот беа присутни претставници од Центарот за современа ромска уметност и нови медиуми “Медиа База”, Ениса Еминовска и Аљуш Еминов кои се активатори […]

24.05.2010 News

Работилница за комуникациски вештини за Тинк-тенк организации “Работење со и пишување за медиумите за истражувачи и за персонал задолжен за комуникации во тинк-тенк организации”, ИОО Тинк-тенк фонд и ПАСОС, Лондон, Обединето кралство, 25-27 мај 2010

22.05.2010 Health Policy and ManagementNews

Учество на Третата конференција за здравје на мигрантите и етничките малцинства во Европа

Имајќи ги во својот главен фокус здравствените политики, здравјето на малцинствата, а особено здравјето на Ромите, ЦРИС Студиорум прави напори активно да учествува на настани поврзани со овие теми организирани на глобално ниво, со цел споделување на истражувачкото искуство и наоди. Како дел од овие напори, претставници на ЦРИС Студиорум ќе учествуваат на Третата конференција за здравје на мигрантите и етничките малцинства во Европа, која ќе се одржи во Печ, Унгарија од 27 до 29 мај 2010 година.

20.04.2010 EventsHealth Policy and ManagementHuman Rights Program

Учество на состанокот на европската иницијатива „Соработка за намалување на сиромаштијата“

ЦРИС Студиорум учествува во активностите организирани во рамки на 2010 – Европска година за борба со сиромаштијата и социјалната исклученост. Проектот „Соработка за намалување на сиромаштијата“ (КОПОРЕ) има за цел да привлече внимание на здравствените нееднаквости, со фокус на маргинализираните групи целејќи кон развивање на нови компетенции и пристапи во високото образование фокусирајќи се на достапна здравствена заштита, здравствена писменост и оспособување на клиентите и нивните заедници.

05.03.2010 News

Регионална Програма за Поттикнување на Истражувањето (Regional Research Promotion Programme – RRPP/РРПП)

РРПП активности: Колоквиум по квалитативни истражувачки методи 26-27 февруари, 2010 година Како дел од серијата колоквиуми за изучување на методологија, организирани од РРПП, член на истражувачкиот тим на ЦРИС Студиорум учествуваше на првиот колоквиум по квалитативни истражувачки методи кој се одржа во Тирана, Албанија.