ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
06.12.2010 Publications

Кратка информација: Целно решавање на статусот на државјанство на затекната група граѓани – Роми

ЦРИС Студиорум и Организацијата за заштита на правата на жените и децата“ЛИЛ“ заедно ја објавија кратката информација „На полпат: стекнување со правен статус и државјанство на Ромите во Македонија – Целно решавање на статусот на државјанство на затекната група граѓани – Роми во Република Македонија“. Оваа кратка информација ги разгледува можностите за целно решавање на статусот на државјанство на затекната група граѓани – Роми.

28.05.2010 Human Rights ProgramPublications

Кратка информација за усвоениот закон за спречување и заштита од дискриминација

Оваа кратка информација го разгледува Законот за спречување и заштита од дискриминација усвоен од Собранието на Република Македонија на 8 април 2010 година, а објавен во Службен весник број 50 на 13 Април 2010 година. 

09.12.2009 Publications

Промовирана Брошурата „Борба против корупција за подобро управување”

На 9 декември, 2009 година ЦРИС Студиорум ја промовираше брошурата “Борба против корупција за подобро управување”. Оваа брошура во изработка на тимот на Студиорум а со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации во Македонија е плод на еднодневната конференција за практичари по антикорупција “Борба против корупција за подобро управување”, која се одржа на 15 октомври […]

26.12.2008 Health Policy and ManagementPublications

Објавен е Прирачникот за предавачи, истражувачи и здравствени работници

Книгата Менаџмент во практиката на здравствената заштита е збирка од 45 модули напишани од 49 автори од 8 земји. Овие модули ги покриваат областите јавно здравје, циклус на менаџмент (планирање, имплементација и евалуација), технологија и интервенции, организација на здравствена заштита и здравствени сервиси, промени, лидерство и други полиња на здравствена заштита.

22.11.2008 Publications

Документи за применети политики на различни теми објавени во периодот 2004-2008 година

Овде можете да најдете листа на објавени документи за применети политики на различни теми.

23.08.2008 Health Policy and ManagementPublications

Публикација за безбедноста на пациентите во источна Европа и Азија

Оваа публикација е резултат на ентизујастичкото собирање, дискутирање и мотивација за придонес кон промените во здравствениот сектор на 16 домашни експерти и активисти, домашни службеници и лица од граѓанскиот сектор кои се собраа во Киев на генералното собрание на проектот „Источно-европски и азиски организации за права и безбедност на пациенти“ во мај 2008 година.