ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
28.03.2013 The New Media & The Society

„ЈутЛИНК“ започнува: Локална работилница во Скопје

Замислен како четиригодишен проект којшто се фокусира на дел од клучните предизвици за стабилноста и мирот на Балканот, „ЈутЛИНК: Поврзување на иноватори кои делуваат за промена“ поддржува група млади луѓе коишто посветено работат кон прекугранично градење доверба и носење позитивни општествени промени. Со цел да ги остварат зацртаните проектни цели, „Интерњуз“ и шесте партнери организираа еднодневни работилници во секоја од земјите на партнерските организации.

21.03.2013 Human Rights ProgramPublications

Студија „Национални институции за Човекови права: нормативни модели и предизвици“

ЦРИС Студиорум ја објави студијата „Национални институции за Човекови права: нормативни модели и предизвици“ во која се разгледуваат двете национални институции за Човекови права во Македонија – Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација.

27.02.2013 NewsThe New Media & The Society

„ЈутЛИНК“: Повик за пријавување на локална работилница

„Интерњуз“–Босна и Херцеговина и партнерите од регионот отпочнаа со спроведување на проектот „ЈутЛИНК: Поврзување на иноватори кои делуваат за промена“.
Фокусирајќи се на нетолеранцијата и дискриминацијата како едни од најголемите предизвици за стабилноста и мирот на Балканот, проектот поврзува млади луѓе од шест земји во регионот овозможувајќи им, притоа, да создадат нови он-лајн социјални платформи и основа за оф-лајн соработка на локално ниво.

25.02.2013 NewsThe New Media & The Society

Повик за трудови за Списанието за европски прашања „Евродијалог“ бр. 18

ЦРИС Студиорум објавува Повик за трудови Рок за поднесување на трудови: 21 март 2013 година. За „Евродијалог“ бр. 18 ги повикуваме авторите/ките да поднесат трудови со кои се истражуваат различни прашања поврзани со ЕУ од областите право, економија, јавна администрација, меѓународни односи, политички науки, комуникации, нови технологии и општеството, енергетика, животна средина, здравство, како и […]

15.02.2013 Health Policy and ManagementNews

Потпишан Меморандум за соработка со Сојузот на здруженијата на пензионерите

Успешната соработка помеѓу Студиорум и Сојузот на здруженијата на пензионерите (СЗПМ) која се одвиваше во рамките на пилот истражувањето за тоа какви се и што за тоа мислат пензионерите за условите за активно и здраво стареење во Македонија, на 15 февруари 2013 година и официјално беше дефинирана со потпишување на Меморандум за соработка.

21.01.2013 EventsHuman Rights ProgramNews

Меѓународна конференција за национални институции за Човекови права во Скопје

Меѓународната конференција „Националните институции за човекови права и промоцијата и заштитата на Човековите права во Македонија и Западниот Балкан” се одржа на 3ти и 4ти октомври 2012 година, во ЕУ Инфо Центарот во Скопје. Претставници од националните институции за Човекови права и од граѓански организации од регионот ЈИЕ се собраа да дискутираат правни, економски и аспекти на применетите политики во врска со сегашните институционални рамки за Човекови права во земјите од регионот.

02.12.2012 Human Rights ProgramNews

Објавен извештајот за индексот за владеење на правото за 2012 година

На 28 ноември, 2012 година, The World Justice Project (WJP) го објави Изврштајот за Индексот за владеење на правото за 2012 година (WJP Rule of Law Index 2012). Оваа година, извештајот, за прв пат вклучува 97 земји и јурисдикции. Преку својата Програма за човекови права, Студиорум исто така учествуваше во изработката на овој Индекс.