ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum
12.07.2012 EventsHuman Rights Program

Настан: Дискусија за индексот на одржливост на ГОи во ЦИЕ и Евроазија – фокус на Македонија

Студиорум и група панелисти/ки ќе ги дискутираат трендовите, успесите и неуспесите, но и предизвиците пред граѓанското општество во регионот, имајќи го 15иот извештај за одржливост на граѓанските организации како основа за дискрусијата.

18.01.2012 Human Rights Program

ЦРИС Студиорум придонесе во консултациите на ЕК за родов дисбаланс во управните одбори во ЕУ

ЦРИС Судиорум и група поединци учествуваа со придонес во консултациите на ЕК за родов дисбаланс во управните одбори во ЕУ.

17.01.2012 Human Rights ProgramNewsPublications

Студија и краток извештај за ефективното политичко учество во локалната самоуправа

ЦРИС Студиорум ги објави Студијата и Краткиот извештај за ефективното политичко учество на помалите етнички заедници на локално ниво во Република Македонија.

02.11.2011 Human Rights ProgramNews

ЦРИС „Студиорум“ доби специјален консултативен статус во ОН

Комитетот за соработка со невладини организации, што е постојан комитет на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ОН) објави препорака за доделување специјален консултативен статус на 9 организации, меѓу кои и Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум”. Истото е подоцна потврдено и со целосниот извештај за сработеното на продолжената сесија на Комитетот во мај 2011 година, во кој препорака за добивање специјален консултативен статус добиваат 144 организации.

06.10.2011 Human Rights ProgramNews

Правен семинар 2011: пристапи кон законодавството за еднаквост и не-дискриминација во и надвор од ЕУ

ЦРИС Студиорум имаше свој претставник на годишниот правен семинар организиран од Европската мрежа на правни експерти за не-дискриминација и Европската мрежа на правни експерти за родова еднаквост, кој се одржа на 04ти октомври 2011 година во Брисел.

28.06.2011 Human Rights ProgramNews

Десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Претставничка на ЦРИС Студиорум презентираше на меѓународна конференција организирана по повод десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Првичните резултати од проектот „Ефективното политичко учество на помалите етнички заедници на локално ниво во Република Македонија“ беа презентирани на меѓународна конференција.

15.06.2011 EventsHuman Rights Program

Покана за конференција: Ефективно политичко учество во локалната самоуправа и рамковниот договор

Студиорум Ве поканува на настанот „Ефективно политичко учество на помалите етнички заедници во локалната самоуправа во Република Македонија – влијание на Охридскиот рамковен договор“ кој ќе се одржи во среда, 22 јуни 2011 година во „ЕУ Инфо центар“ во Скопје од 12:00 до 16:00 часот.