ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Студија „Национални институции за Човекови права: нормативни модели и предизвици“

ЦРИС Студиорум ја објави студијата „Национални институции за Човекови права: нормативни модели и предизвици“ во која се разгледуваат двете национални институции за Човекови права во Македонија – Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација.

ЦРИС Студиорум ја објави студијата „Национални институции за Човекови права: нормативни модели и предизвици“. Во студијата се разгледани двете национални институции за Човекови права – Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација. Таа се фокусира на релевантните аспекти од применетите политики и од законите и дава заклучоци и препораки за реформирање на сегашната инстутиционалната рамка, во согласност со меѓународните стандарди, вклучително и со обврските кои произлегуваат за Македонија од меѓународното право за Човекови права. Со цел подобро засновање и формулирање на препораките, беа подготвени и споредбена студија на пет НИЧП, како и проценка на ефективноста при користењето на ресурсите на овие НИЧП, кои се вклучени како анекс во оваа студија.

Во студијата се вклучени коментарите и препораките дадени од експертска група која во септември 2012 година го разгледуваше првиот нацрт на студијата и оние дадени од панелистите и учесниците на меѓународната конференција „Националните институции за човекови права и промоцијата и заштитата на Човековите права во Македонија и Западниот Балкан“ која се одржа во Скопје во октомври 2012 година. Студијата беше рецензирана од Проф. Ричард Карвер (професор на универзитетот Оксфорд Брукс) и Уранија Пировска (извршна директорка на Хелсиншкиот комитет на Република Македонија).

Студијата беше подготвена во рамките на проектот „Решавање на институционална сложувалка: Каков модел на Национална институција за Човекови права за Македонија“, чија цел е да се донесат препораки за креирање на модел за НИЧП во Македонија во согласност со меѓународните стандарди и најдобри практики, како и со политичките и социо-економските карактеристики на земјата. Се надеваме дека истата ќе служи како основа за започнување на дискусии за усогласување на институционалната рамка со меѓународните стандарди за НИЧП.

Преземи ја Студијата

Други линкови