ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Извештај: 16ото издание на индексот на одржливост на граѓанските организации

Вашингтон – Агенцијата за развој на САД (УСАИД) го објави 16ото издание на индексот на одржливост на граѓанските организации во Централна и Источна Европа и Евроазија оддавајќи признание на многу различни непрофитни граѓански организации (ГОи) кои се активни во регионот. Овогодинешното издание ги вклучува настаните во врска со граѓанското општество од 2012 година. Индексот забележа напредок во граѓанскиот сектор во дваесет и деветте земји во текот на последните шеснаесет години. Тој ја испитува целосната овозможувачка средина за граѓанското општество, фокусирајќи се на законската рамка, капацитетот на организациите, финансиската моќ, застапувањето, давањето на услуги, инфраструктурата, и сликата во јавноста.

И покрај растечкиот број на нови ограничувања кои му беа наметнати на граѓанското општество во последната година, ГОи во Централна и Источна Европа и Евроазија покажаа позитивен развој кон одржливост во 2012 година. Граѓанските организации во целиот регион се профилираат во многу области и ги вклучуваат граѓаните и владите на нови начини, како на пример, во утврдувањето на новите приоритети за застапување и зајакнувањето на онлајн комуникациите. Но, постоечките предизвици остануваат, вклучително и ограничувањето на граѓанското општество преку правни забрани, финансиски предизвици, недостиг на мерки за транспарентност и изразени регионални разлики, кои се закануваат да го запрат, а дури и да го уназадат континуираниот позитивен развој на граѓанскиот сектор. Имено, по дваесет години транзиција, рангирањето на само седум земји е на највисокото ниво на одржливост – зајакната одржливост.

Тоа што граѓанското општество во многу земји сеуште се бори за да ја обезбеди својата иднина ја одразува реалноста, а тоа е дека градењето на одржливост на овој сектор е долгорочен процес. И покрај предизвиците, во сите земји во регионот се зацврстува праксата на заедничко работење на граѓаните за решавање на проблемите, со што денес тие се етаблирани двигатели во општеството. Без разлика дали станува збор за борба со дислексијата во Латвија, притисок за одржување на референдум за увозот на отпад во Албанија, или промовирање на превенција и тестирање за ХИВ/СИДА во Узбекистан, ГОи во цела Централна и Источна Европа и Евроазија активно реагираат на предизвиците со кои се соочуваат нивните земји.

Од почетоците до денес, Индексот претрпе повеќе измени – го прошири својот опфат од 21 земја во Европа и Евроазија, до над 60 земји во различни региони низ целиот свет. Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ изразува задоволство од партнерството со УСАИД во изготвувањето на Индексот за Република Македонија.

Целиот извештај е достапен на: http://www.usaid.gov/europe-eurasia-civil-society

Документи за преземање:

  1. Покана
  2. Форматиран извештај