ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Студиорум придонесува кон Нацрт-глобалниот акциски план на СЗО за антимикробна резистеција

AMR_2014_posterПрепознавајќи ја потребата од глобален пристап во борбата против антимикробната резистенција, Студиорум се вклучи во електронскиот консултативен процес којшто Светската здравствена организација го одржа од 4 јули до 1 септември 2014 година. Со цел да одговори на барањето за изготвување нацрт-глобален акциски план за справување со овој предизвик, СЗО отвори консултативен процес по кој ќе бидат земени предвид видувањата и придонесите на сите заинтересирани чинители.

Како активен агент во оваа област на национално ниво, Студиорум обезбеди релевантни податоци за разни аспекти, вклучувајќи ги подигањето на свеста и разбирањето за АМР, утврдувањето на најдобрите пристапи за превенција на инфекции и на чекорите за нивно најефективно спроведување, како и оптимизирањето на употребата на постојните антимикробни средства за здравјето на човекот и животните и во земјоделството. Одговорите на сите организации вклучени во консултативниот процес се достапни на следниот линк:

http://who.int/drugresistance/amr-action-plan-comments/en/

Опфаќајќи ги обврските, ставовите и улогите на сите релевантни чинители, Нацрт-глобалниот акциски план ќе биде претставен пред Извршниот одбор на СЗО во јануари 2015 година, а потоа и на 68-то Светско здравствено собрание во мај 2015 година.