Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“, и Редакцискиот одбор на Списанието за европски прашања „Евродијалог“ објавуваат Повик за трудови за дваесеттото издание.
Рок за поднесување на трудови: 20 октомври 2015 година.
„Евродијалог“ е публикација на ЦРИС Студиорум, кое се објавува два пати годишно. Списанието има за цел да промовира објективно, критичко и аналитичко размислување за прашања од разни области поврзани со Европската Унија и приближувањето и приклучувањето во ЕУ.
За овој број на „Евродијалог“ ги охрабруваме авторите да поднесат трудови каде својата креативност може да ја изразат во поширок опсег на теми поврзани со разни аспекти од македонското приближување кон Европската Унија и перспективите на тој национален проект за приклучување кон ЕУ. Авторите не се ограничени на конкретен наслов и имаат поголема слобода во изборот на темите за своите трудови.
Сепак, темите треба да се движат во опсегот на прашања поврзани со ЕУ, од областите право, економија, јавната администрација, меѓународни односи, политички науки, комуникации, нови технологии и општеството, енергетика, животна средина, здравство, како и од други релевантни области, давајќи им предност на истражувачките теми кои дирекно разработуваат прашања поврзани со Копенхагеншките критериуми, а кои се фокусирани на анализи и студии на случај во однос на потребите и условите кои потекнуваат од ЕУ acquis communitaire.
Одбраните трудови ќе бидат публикувани во дваесетотто издание на „Евродијалог“, кое ќе биде објавено во дигитална форма на CD, на македонски и на англиски јазик. ЦРИС Студиорум ќе обезбеди превод на трудовите. Електронското издание на списанието, кое се објавува на веб-локацијата на „Евродијалог“ исто така ќе ги содржи сите текстови на македонски и на англиски јазик.
Инструкции за авторите:
Рокот за поднесување на трудови е 20 октомври 2015 година. Ве молиме да поднесувате само готови трудови или трудови кои се во финален нацрт! Ги замолуваме авторите при испраќањето на трудот да назначат дали трудот е финална верзија или финален нацрт. Готовите трудови се приложуваат до Редакцискиот одбор преку електронска пошта на evrodijalog@studiorum.org.mk.
Со нетрпение ги очекуваме вашите трудови!
Редакциски одбор,
Списание за европски прашања „Евродијалог“
Скопје, 01 октомври 2015 година
Линк за симнување:
Повик за трудови за Списание за европски прашања „Евродијалог“ број 20 (.pdf)