ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Клучен развој за правата на пациентите во Европскиот парламент

Европскиот Парламент неодамна го усвои извештајот кој ќе им даде на пациентите можност да патуваат низ Европа со цел да добијат здравствена услуга. Директивата е се поблиску до реализација, тоа го покажува усвојувањето на извештајот со 297 гласови ЗА, 120 против и 152 воздржани.

Европската алијанса за јавно здравје(EPHA – European Public Health Alliance) отворено ја поддржува предложената Директива уште во моментот кога беше составена за првпат од страна на Европската Комисија во јули 2008. EPHA внимателно го следи развојот на овој документ за да се осигури дека Директивата ќе одговори на потребите на сите пациенти. EPHA ја подржува визијата на известувачот Џон Бовис за Директива која ќе биде наменета за пациенти со потреби, а не пациенти со средства.

„Заедницата од областа јавно здравство е задоволна заради тоа што Директивата го помина првото читање и поради пројавениот интерес од страна Европскиот. Се надеваме дека земјите членки ќе покажат зелено светло за Европските пациенти во понатамошните фази, рече Моника Косинска, Генерален Секретар на EPHA. “Работата на Г-дин Бовис е извонредна, со доза на резервираност ги поздравуваме напорите на Парламентот.

Една од причините за нашата резервираност е недостатокот на амбиција за понатамошен развој на преку граничниот здравствен систем за не-привилегираните пациенти, со подобри гаранции за враќање на средствата платени за здравствена заштита.

За повеќе информации можете да ја посетите веб страницата на EPHA