ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

ПА – Програма за антикорупција

ЦРИС „Студиорум” успешно влезе во втората фаза од Програмaтa за антикорупција, имплементиранa од Партнерската фондација за локален развој (Partners Foundation for Local Development – FPDL) и поддржана од Иницијативата на локални власти и Институтот на Светската Банка.

Компонента за надградување на вештините
ПА – Програма за антикорупција
Истанбул, Турција 22 јуни – 2 јули, 2009

Компонентата за надградување на вештините вклучуваше десетдневна интерактивна Тренинг програма со активно учество на партиципантите, насочена кон подобрување на вештините за антикорупција, консултантските и фацилитаторските (медијаторски) вештини. Компонентата за надградување на вештините користеше тренинг материјали по методологија на FPDL и друга релевантна литература. Целта на втората фаза на ПА, компонентата за надградување на вештините, беше учесниците да добијат нови перспективи, начини да се биде ТКФ (Тренер, Консултант, Фацилитатор), вештини и самодоверба како ТКФ, за да бидат во можност да иницираат, да дизајнираат и да преземаат активности во организациите на локалната самоуправа со цел да се намали и спречи корупцијата. Освен тренерите од FPDL – Ана