ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Назначен новиот извршен одбор на Пан-европската политичка мрежа за спречување на цервикалниот рак

Брисел, 12 октомври 2009 година

Европската мрежа на 250 национални и европски политичари, Политичари за превенција на цервикален рак (ППЦР/ PCCP), денеска го објави назначувањето на Едит Естрела и Маријан Харкин, праламентарки во Европскиот парламент, и Силвана Коч – Мерин, парламентарка и под-претседателка на Европскиот парламент, за членки на новиот извршен одбор. Новите заседавачки ќе донесат големо знаење и искуство во врска со развојот на здравствените применети политики, право и политики во насока на делување на ППЦР.

Цервикалниот рак е уникатен, а ние веќе ги имаме алатките да го спречиме скоро секој еден случај на оваа болест. Ефективно организирани скрининзи за цервикален рак може да спречат и до 80% од случаите. Покрај ова, новите технологии, како што се на пример вакцинацијата против вирусот кој го предизвикува цервикалниот рак, ХПВ, нуди потенцијал за уште поголемо намалување на бројот на случаите, можеби дури и до точка на негова целосна елиминација во Европа. Целта на ППЦР е брза и правична интерпретација на овие програми во цела Европа.

Првата задача на новите извршни органи е да се испланира и одржи состанокот на самитот на цервикалниот рак. Овој состанок ќе ги донесе на едно место европските политички лидери, заедно во Брисел од 26-27 јануари 2010 година. Тој ќе им даде на европските политички лидери информации во траење од по една минута за можните превентивни делување за цервикален рак, кои тие ќе може да ги пренесат во своите земји со цел да го олеснат донесувањето на ефективни здравствени политики.

Соопштение за печат

Дополнителни веб страници