ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Кратка информација за усвоениот закон за спречување и заштита од дискриминација

Оваа кратка информација го разгледува Законот за спречување и заштита од дискриминација усвоен од Собранието на Република Македонија на 8 април 2010 година, а објавен во Службен весник број 50 на 13 Април 2010 година. Следејќи го развојот на дебатата прво за Предлог-законот, потоа за Дополнетиот предлог-закон, а од 8 април и за усвоениот закон, потребно е да се потсетиме на неколку основни и исклучително важни факти поврзани со материјата која е предмет на уредување на овој закон и на правните обврски кои Република Македонија ги има како активен субјект во меѓународното право. Бидејќи овој закон го носи предзнакот со европското знаменце, фокусот тука ќе биде ставен на тоа дали и во кој обем Законот е во согласност со европските стандарди и прописи.

Open publication – Free publishingMore studiorum