ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Тековен проект: “Е-панели: промовирање на граѓанското учество и волонтерство во проширена Европа” – Обука и дебата со активатори на граѓански панели Скопје, 25 мај, 2010 година

Како дел од активностите од проектот Е-панели на 25 мај, 2010 година во Скопје се одржа ИКТ обука и дебата со активаторите на граѓански панели, спроведена од страна на Фондацијата Метаморфозис. На настанот беа присутни претставници од Центарот за современа ромска уметност и нови медиуми “Медиа База”, Ениса Еминовска и Аљуш Еминов кои се активатори во проектот. Како останати активатори вклучени се и Емилиа Героска, претставник на Општина Битола и Дарко Булдиоски и Сеад Џигал од Центарот за нови медиуми од Скопје.

Улогата на активаторите во проектот Е-панели е да ги започнат и модерираат дискусиите кои ќе се одвиваат на онлајн форумот активиран во склоп на веб-страната Е-панели (http://mk.e-panels.eu).