ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Студиорум учествува во глобалниот проект „Судска практика поврзана со правото на здравје“

ЦРИС Студиорум започна со активностите во рамки на глобалниот проект „Судска практика поврзана со правото на здравје”. Овој проект беше инициран од специјалниот известувач на Обединетите нации за право на здравје, г. Ананд Гровер, а е координиран од страна на „Лојерс колектив” (Lawyers Collective) од Индија.
Проектот се разви од идејата детално да се образложи развојот на правото на здравје во правото, а во рамки на меѓународните и регионалните механизми, како и домашните правни системи. Главна цел на проектот е да ја направи судската практика поврзана со правото на здравје универзално достапна за граѓанското општество, невладините организации, адвокатите, како и владите, со цел промовирање на одговорност за правото на здравје. �`тората цел на проектот е да се анализира пресудливоста на правата од областа на здравството, вклучувајќи ја и пресудливоста на овие права наспротидругите права, а со цел разбирање на различните пристапи, трендови, најдобри практики, како и стратегии за водење на предметите поврзани со правото на здравје пред судовите. �`о исто време, овие резултати може да се искористат и за да се промовира правото на здравје низразлични региони.
Над педесет партнери од целиот свет ги здружија своите знаењa и искуства за целите на овој проект. Проектот ќе биде имплементиран во текот на 2011 година.

Корисни линкови
Лојерс колектив (Lawyers Collective): http://www.lawyerscollective.org/