ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Соработката помеѓу Студиорум-ЛИЛ издвоена како добра практика

Во неговиот нов блог пост, Горан Булдиоски разгледува два примери на добра практика за соработка помеѓу тинк-тенк организации и НВОа. Соработката на Студиорум со ЛИЛ на документ за применети политики во врска со затекнатата група граѓани – Роми, е еден од примерите кои ги дискутира. Булдиоски е истражувач и долгогодишен набљудувач на тинк тенк организациите како форма на организирање, и е директор на Тинк тенк фондот на ИОО.

„Соработката помеѓу тинк тенковите и невладините организации (НВОа како даватели на услуги и монитори), како и нивната соработка со други партнери е секогаш предмет на големи дискусии помеѓу истражувачите во ЈИЕ. За жал, многу од луѓето повеќе зборуваат на оваа тема отколку што се впуштаат во конкретни и значајни соработки. За ова постојат и структурни причини во регионот (да набројам само неколку…).

Целиот блог пост можете да го прочитате на следниот линк.