ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Претставничка на ЦРИС Студиорум презентираше на меѓународна конференција организирана по повод десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Првичните резултати од проектот „Ефективното политичко учество на помалите етнички заедници на локално ниво во Република Македонија“ беа презентирани на меѓународна конференција.

ЦРИС Студиорум ги презентираше првичните резултати од истражувањето спроведено во рамки на проектот „Ефективното политичко учество на помалите етнички заедници на локално ниво во Република Македонија “ на меѓународната конференција „Една деценија по Охридскиот рамковен договор: поуки (да бидат) научени од македонското искуство“ организирана од Центарот за истражување и креирање политики. Конференцијата се одржа во Скопје од 24 до 26 јуни 2011 година.

Дискусиите на конференцијата беа организирани во седум панели, и тоа: Панел 1: Конфликтот, договорот и помирувањето: 2001 година тогаш и сега; Панел 2: Политичко припаѓање во Македонија по 2001 година: доминацијата на „етничките идентитети“; Панел 3: Охридскиот рамковен договор во контекст на Југоисточна Европа; Панел 4: Децентрализацијата после ОРД: кон поголема поделба на моќта или кон ефективно и ефикасно испорачување на услуги?; Панел 5: Правична застапеност за не-мнозинските заедници во Македонија – До кога?; Панел 6: Иднината на Македонија и регионот; Панел 7: Научени лекции.

HRP_OFA_Conference_2011web

Билјана Котевска, програмска директорка на Програмата за Човекови права, го презентираше трудот “Кон ефективно политичко учество на ‘помалите етнички заедници’ во локалната самоуправа во Македонија (влијанието на Охридскиот рамковен договор)“ на четвртиот панел, насловен “Децентрализацијата после ОРД: кон поголема поделба на моќта или кон ефективно и ефикасно испорачување на услуги?“. Финалните резултати од ова истражување ќе бидат објавени во студија и во краток извештај до крајот на 2011 година.

Повеќе информации за конференцијата