ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Правен семинар 2011: пристапи кон законодавството за еднаквост и не-дискриминација во и надвор од ЕУ

ЦРИС Студиорум имаше свој претставник на годишниот правен семинар организиран од Европската мрежа на правни експерти за не-дискриминација и Европската мрежа на правни експерти за родова еднаквост, кој се одржа на 04ти октомври 2011 година во Брисел.

HRP_2011_legal_seminarБилјана Котевска, програмска директорка на Програмата за Човекови права, учествуваше на правниот семинар за еднаквост и не-дискриминација, кој секоја година го организираат Европската мрежа на правни експерти за не-дискриминација и Европската мрежа на правни експерти за родова еднаквост. Темата на семинарот за 2011 година беше „Пристапи кон законодавството за еднаквост и не-дискриминација во и надвор од ЕУ “.

На семинарот учествуваа преставници од Европската комисија, земјите-членки на Европската унија, телата за еднаквост, како и претставници од европски НВОа. Главна тема на дискусија беше транспонирањето и имплементацијата на директивите на Европската Унија за еднаквост и не-дискриминација, со посебен осврт на искуствата од правните системи на т.н трети земји. Сандра Фредман, една од главните авторки за еднаквост и не-дискриминација на денешницата, одржа говор за анти-дискриминационото законодавство од компаративна гледна точка, осврнувајќи се особено на Канада, САД, Индија и Јужна Африка. Во рамки на семинарот исто така се одржаа и неколку работилници на различни теми, вклучително и на товар на докажување, повеќекратна дискриминација и афирмативни мерки.

Повеќе информации за семинарот