ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Правен семинар 2012 – Закони за еднаквост за сите: претстојни предизвици

ЦРИС Студиорум имаше свој претставник на годишниот правен семинар организиран од Европската мрежа на правни експерти за не-дискриминација и Европската мрежа на правни експерти за родова еднаквост, кој се одржа на 26ти ноември 2012 година во Брисел.

HRP_2012_legal_seminarБилјана Котевска, програмска директорка на Програмата за Човекови права, учествуваше на правниот семинар за еднаквост и не-дискриминација, кој секоја година го организираат Европската мрежа на правни експерти за не-дискриминација и Европската мрежа на правни експерти за родова еднаквост. Темата на семинарот за 2012 година беше „Закони за еднаквост за сите: претстојни предизвици“.

Повеќе од 150 учесници (претставници од Европската комисија, земјите-членки на Европската унија, телата за еднаквост, како и од ЕУ чадор-организации) дискутираа и споделуваа искуства и добри практики за транспонирањето и имплементацијата на директивите на Европската Унија за еднаквост и не-дискриминација. На семинарот презентираа дел од најпроминентните академици и практичари кои работат на еднаквост и не-дискриминација, вклучувајќи ги судијката Саша Прешал (Суд на правда на Европската Унија), проф. Криста Тоблер (Универзитет во Базел и Универзитет во Лајден), проф. Евелин Елис (Универзитет во Бирмингам), проф. Одни Мјол Арнардотир (Универзитет во Исланд), Деклан Одемпси (Застапник во Клојстерс, Лондон), како и многу други.

Главни теми на дискусија на семинарот беа: скорешна пракса на Судот на правда на Европската Унија и на Европскиот суд за Човекови права, дискриминација врз основ на бременост и мајчинство, како и дискриминација врз основ на возраст и на религија во областа вработување.

Повеќе информации за семинарот