ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Повик за трудови за Списанието за европски прашања „Евродијалог“ бр. 18

ЦРИС Студиорум објавува Повик за трудови

Рок за поднесување на трудови: 21 март 2013 година.

За „Евродијалог“ бр. 18 ги повикуваме авторите/ките да поднесат трудови со кои се истражуваат различни прашања поврзани со ЕУ од областите право, економија, јавна администрација, меѓународни односи, политички науки, комуникации, нови технологии и општеството, енергетика, животна средина, здравство, како и од други релевантни области. Предност имаат истражувачки теми кои дирекно разработуваат прашања поврзани со Копенхагенските критериуми, а кои се фокусирани на анализи и студии на случај во однос на потребите и условите кои потекнуваат од ЕУ acquis unionaire.

Одбраните трудови ќе бидат публикувани во 18-то издание на „Евродијалог“, во јуни 2013 година.

Рок за поднесување на трудови: 21 март 2013 година.

„Евродијалог“ е академско списание на ЦРИС Студиорум, кое се објавува два пати годишно, а има за цел да промовира објективно, критичко и аналитичко размислување за прашања од различни области поврзани со Европската Унија и приближувањето и приклучувањето во ЕУ. „Евродијалог“ е во процес на индексирање за добивање статус на списание со импакт фактор.

За „Евродијалог“ бр. 18 ги повикуваме авторите/ките да поднесат трудови со кои се истражуваат различни прашања поврзани со ЕУ од областите право, економија, јавна администрација, меѓународни односи, политички науки, комуникации, нови технологии и општеството, енергетика, животна средина, здравство, како и од други релевантни области. Предност имаат истражувачки теми кои дирекно разработуваат прашања поврзани со Копенхагенските критериуми, а кои се фокусирани на анализи и студии на случај во однос на потребите и условите кои потекнуваат од ЕУ acquis unionaire.

Одбраните трудови ќе бидат публикувани во 18-то издание на „Евродијалог“, кое ќе биде објавено во дигитална форма на CD, на македонски и на англиски јазик. Покрај CD изданието, списанието во дво-јазична форма се објавува и на веб-локациите на „Евродијалог“ и CEEOL.

Инструкциите за автори/ки можете да ги преземете тука.

Рокот за поднесување на трудови е 21 март 2013 година. Ве молиме да поднесувате само готови трудови или трудови кои се во финален нацрт. При испраќањето на трудот назначете дали се работи за финална верзија или финален нацрт. Готовите трудови се приложуваат до Уредничкиот Одбор преку електронска пошта на evrodijalog@studiorum.org.mk.

Списанието за европски прашања „Евродијалог“ бр. 18 ќе се публикува во јуни 2013 година.

Ги очекуваме Вашите трудови!

Уреднички Одбор
Списание за европски прашања „Евродијалог“
Скопје, 25 февруари 2013 година