ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Започнува проектот „Ние сме визуелни!“

1_rgb-345Иницијалниот состанок којшто се одржа кон крајот на септември 2012 година во старата Скопска чаршија го означи почетокот на партнерскиот проект „Ние сме визуелни! Едукација и визуелизација на човековите права“.

Наменет за формални и неформални едукатори, како и ученици на возраст од 12 до 16 години, проектот има за цел да ги унапреди човековите права во образованието преку употреба на документарни филмови и аудиовизуелна уметност. Поддржан од Извршната агенција за едукација, аудиовизуелни уметности и култура (ЕАЦЕА) на Европската унија, проектот ќе понуди Аудиовизуелен образовен пакет за човекови права за наставници и други едукативни чинители, составен од прирачник за работа, ДВД со аудиовизуелни материјали и аудиовизуелна веб-платформа.

Проектот е заеднички потфат на пет организации: „Студиорум“, „МакеДокс“, „Документ“ нирнбершкиот Меѓународен филмски фестивал за човекови права и фондацијата „Филмови кои значат“. Иницијалниот состанок беше одлична можност токму за партнерите да ја продискутираат методологијата на проектот, како и да развијат проектен акциски план.

Програмата на средбата вклучи и тренинг-сесија фокусирана на образованието за човекови права со аудиовизуелни помагала и методи, којашто беше организирана од страна на Мирјам ван Кампен и Маргрит Корнелиус од образовниот департман на фондацијата „Филмови кои значат“ (Movies that Matter). Отворено беа споделени и најдобрите практики на фондацијата во образованието за човекови права преку претставување на дел од наставните помагала коишто се во употреба низ цела Холандија.

Публикација
Moviesthatmatter Download Area