ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

YANA: Одбележување на Националниот ден на службата и сеќавањето

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“, SWT Алумни Македонија и Младинскиот совет при Американската амбасада во Македонија, поддржани од Американската амбасада во Македонија, ја организираа првата хуманитарна акција како дел од проектот You Are Not Alone (YANA). На 7-ми септември (сабота) истовремено на три локации, и тоа во Берово, Струмица и Кавадарци, група на волонтери од нашите организации поминаа еден ден со децата во малите групни домови во Берово и Кавадарци и со децата со посебни потреби од Струмица.

Целта на акцијата беше да се одбележи 11 Септември – Националниот ден на служба и сеќавање, денот кога американскиот претседател Барак Обама ги повикува младите од целиот свет да им помогнат на сите оние на коишто помошта им е неопходна во каква било форма.

Во Берово, нашите волонтери ја разубавуваа градината на Малиот групен дом и заедно со дечињата од домот инсталираа дрвена ограда. Во Кавадарци, пак, дечињата имаа можност, заедно со нашите волонтери, да ги разубават своите детски соби, а во попладневните часови, во соработка со Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, погледнаа тематски документарен филм по што следеше кратка модерирана дискусија. Од 12.00 до 14.00 часот на главниот плоштад во Струмица, 20 дечиња со посебни потреби имаа можност да ја покажат својата креативност преку изработка на цртежи на тема „Во мојот свет“. За време на настанот, случајните минувачи можеа да донираат средства со кои здружението „Порака“, партнер-организација на овој проект, ќе може полесно да обезбеди технички помагала за дневниот центар во Струмица. Делата кои ќе бидат нацртани за време на акцијата, подоцна ќе им бидат понудени на македонските компании кои ќе сакаат да ја помогнат оваа иницијатива.

Хуманитарната акција во медиумите