ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Студиорум со свој придонес во консултациите на КПЛП на ООН

Комитетот за права на лица со попреченост на Организацијата на обединетите нации отвори консултативен процес за првите два нацрт-генерални коментари за Конвенцијата за права на лица со попречност – Нацрт-генералниот коментар Бр.1 за член 12 – еднакво признавање пред законот, и Нацрт-генералниот коментар Бр.2 за член 9 – пристапност.

Во рамки на иницијативата за унапредување на меѓународното право за Човекови права и стандардите за Човекови права, Студиорум учествуваше во овие консултации преку испраќање на пишан придонес за членот 9 – пристапност. Во нашиот придонес, нагласивме неколку генерални прашања и дадовме конкретни препораки за измени на текстот на Нацрт-генералниот коментар Бр.2. Нашите коментари се фокусираа на појасно артикулирање во текстот на Нацрт-генералниот коментар на принципот на еднаквост и не-дискриминација, комплексната и повеќе-димензионална природа на принципот на пристапност, како и на различноста на самата група лица со попреченост. Ја нагласивме и потребата за воведување на сите димензии на принципот на пристапност во сите сектори, како и некои други дополнителни прашања. Целосниот текст на придонсеот (на англиски јазик) можете да го најдете на веб-страницата на Високиот комесар за Човекови права, на овој линк.

Повеќе за консултациите можете да прочитате на: www.ohchr.org