ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Серија коментари на случаи и прегледи за важни елементи во развојот во оваа област на глобално ниво

Како дел од иницијативите за унапредување на меѓународните и националните стандарди за Човекови права и за промовирање и унапредување на еднаквоста и не-дискриминацијата, ЦРИС Студиорум објавувa на серија коментари на случаи и прегледи за важни елементи во развојот во оваа област на глобално ниво, но и на оние кои се директно врзани за Македонија (како на пример, препораки дадени по извештаите кои земјата ги поднесува како дел од обврските што произлегуваат од ратификуваните меѓународни договори, или случаи пред судовите/телата каде земјата се јавува како страна). Во мноштвото информации, тешко е редовно да се следат сите активности на развојот на глобално ниво, па целта на серијата коментари и прегледи е да им се олесни следењето на овие настани и пристапот до информации на (правните) практичари, државните институции, граѓанските организации и активистите за Човекови права, а со тоа истите да се поттикнат и охрабрат во својата работа повеќе да ги користат богатата пракса и извори од меѓународното право за Човекови права.

Серијата се состои од три кластери: (1) коментари на случаи, (2) прегледи за Човекови права и (3) случаи од практиката како потврда на дискриминација и повреда на човековите права. Истите ќе бидат достапни на македонски и на англиски јазик на оваа веб-страница. Доколку сакате да добивате известувања за новообјавените коментари и прегледи на Вашата е-пошта, Ве молиме да испратите порака за регистрација на: series[at]studiorum.org.mk


Коментари на случаи

Коментар на случај бр. 1/2013: Хорват и Кис против Унгарија (ЕСЧП)

Коментар на случај бр. 2/2013: Х и други против Австрија (ЕСЧП)


Прегледи за Човекови права

Преглед за Човекови права бр.1/2013: Факултативен протокол на меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права

Преглед за Човекови права бр. 2/2013: Протоколите 15 и 16 на Европската конвенција за Човекови права


Случаи од практиката како потврда на дискриминација и повреда на човековите права (во соработка со Здружение на просветни работници и заштита на правата на жените и децата ЛИЛ web | Facebook):