ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Развивање соработки: Тркалезна маса за политиката, општеството и ЛГБТК заедницата во Македонија

Cultivating collaboration_artworkЛГБТК лицата се жртви на дискриминација и малтретирање низ целиот свет. Унапредувањето на правата на ЛГБТК лицата во Централна и Источна Европа не се случува со истото темпо како во останатите делови на светот. Кристефер Стојановски, стипендист на програмата „Фулбрајт“, спроведе истражувачки проект за влијанијата на општеството и политиката врз ЛГБТК заедницата во Македонија. Тој ќе ги претстави  наодите од истражувањето на 4 јуни 2014 година во Клубот на новинарите.

Лезбијките, гејовите, бисексуалците, транссексуалците и квир лицата (ЛГБТК) се жртви на дискриминација, малтретирање и намален пристап до услуги низ целиот свет, а особено во конзервативни општества и држави, поради својата сексуална ориентација, родов идентитет и родова експресија. Екстремно хомофобичните и негативни ставови и сфаќања за ЛГБТК лицата и понатаму доминираат во политиката, општеството и културата низ Централна, Источна, а особено во Југоисточна Европа. Ова го потврдуваат медиумите и организациите за човекови права во земјите на територијата на поранешна Југославија, како што се Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, кои континуирано пријавуваат насилство врз ЛГБТК лицата.

Кристефер Стојановски, стипендист на програмата „Фулбрајт“, спроведе деветмесечен истражувачки проект за меѓусебните влијанија кои политиката и општеството ги имаат врз дискриминацијата на ЛГБТК лицата и нивниот пристап до услуги, здравје и полицијата во Македонија. Наодите од ова истражување ќе бидат претставени на тркалезната маса „Политика, општество и ЛГБТК заедницата во Македонија“ којашто ќе се одржи на 4 јуни 2014 година во Клубот на новинарите од 14.00 до 16.00 часот.

Меѓу присутните ќе бидат претставници на граѓанскиот сектор, странски амбасади (САД и Холандија), како и припадници на ЛГБТК заедницата. Поканети се и претставници на владини институции и меѓународни организации.