Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“, и Редакцискиот одбор на Списанието за европски прашања „Евродијалог“ објавуваат
Повик за трудови за дваесет и првото издание на Списанието за европски прашања „Евродијалог“
На тема: Домувањето и социјалниот развој
Рок за поднесување на трудови: 20 мај 2016 година.
„Евродијалог“ е публикација на ЦРИС Студиорум, кое се објавува два пати годишно. Списанието има за цел да промовира објективно, критичко и аналитичко размислување за прашања од различни области поврзани со Европската Унија и приближувањето и приклучувањето во ЕУ.
За овој број на „Евродијалог“ ги охрабруваме авторите да поднесат трудови каде својата креативност може да ја изразат во поширок опсег на теми поврзани со домувањето и социјалниот развој, како и теми поврзани со ова прашање во контекст на евроинтеграциските процеси од областите право, економија, јавната администрација, меѓународни односи, политички науки, комуникации, нови технологии и општеството, енергетика, животна средина, здравство, како и од други релевантни области, давајќи им предност на истражувачките теми кои дирекно разработуваат прашања поврзани со Копенхагеншките критериуми, а кои се фокусирани на анализи и студии на случај во однос на потребите и условите кои потекнуваат од ЕУ acquis communitaire.
Одбраните трудови ќе бидат публикувани во „Евродијалог“ бр. 21, кое ќе биде објавено во дигитална форма на CD, на македонски и на англиски јазик. ЦРИС Студиорум ќе обезбеди превод на трудовите. Електронското издание на списанието, кое се објавува на веб-локацијата на „Евродијалог“ исто така ќе ги содржи сите текстови на македонски и на англиски јазик.
Инструкции за авторите:
Рокот за поднесување на трудови е 20 мај 2016 година. Ве молиме да поднесувате само готови трудови или трудови кои се во финален нацрт! Ги замолуваме авторите при испраќањето на трудот да назначат дали трудот е финална верзија или финален нацрт. Готовите трудови се приложуваат до Редакцискиот одбор преку електронска пошта на evrodijalog@studiorum.org.mk.
Со нетрпение ги очекуваме вашите трудови!
Редакциски одбор,
Списание за европски прашања „Евродијалог“
Скопје, 20 април 2016 година
Линк за симнување:
Повик за трудови за Списание за европски прашања „Евродијалог“ број 21 (.pdf)