ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Повик за трудови за дваесет и второто издание на Списанието за европски прашања „Евродијалог“

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“, и Редакцискиот одбор на Списанието за европски прашања „Евродијалог“ во соработка со Националната канцеларија на Светската здравствена организација објавуваат:

Повик за трудови за дваесет и второто издание на Списанието за европски прашања „Евродијалог“

На тема: Здравјето и Целите за одржлив развој

Рок за поднесување на трудови: 10 ноември 2016 година.

„Евродијалог“ е публикација на ЦРИС Студиорум, кое се објавува два пати годишно. Списанието има за цел да промовира објективно, критичко и аналитичко размислување за прашања од различни области поврзани со Европската Унија и приближувањето и приклучувањето во ЕУ.

За овој број на „Евродијалог“ ги охрабруваме авторите да поднесат трудови каде својата креативност може да ја изразат во поширок опсег на теми поврзани со здравјето и благосостојбата низ призмата на Агенда 2030 и Одржливите развојни цели (ОРЦ).
Агендата 2030 за одржлив развој, усвоена од 193 земји-членки на Обединетите Нации, преку своите 17 Цели за одржлив развој (ЦОР) и 169 таргетисе стреми кон обединување на трите клучни димензии на одржливиот развој (економски, социјални и еколошки), што претставува голема промена од пристапот на повеќе фрагментирани паралелни процеси кон една сеопфатна и универзална агендата за населението, планетата и просперитетот воопшто, втемелени во мир, инклузивност, силно и посветено владеење и глобалното партнерство. Таа, исто така препознава и утврдува дека повеќето од развојните цели се меѓусебно поврзани, меѓузависни, како мрежа на експлицитни релации меѓу целите преку нивните таргети кои треба да помогнат во интер-секторската интеграција, кохерентноста на политиките и примената на пристапот цела влада и цело општество.

Европскиот регион на Светската здравствена организација (СЗО) е отворен за изготвената глобална агенда за здравје. Европската рамовна политика за здравје и благосостојба, Здравје 2020 која е целосно усогласена со Агендата 2030, веќе три години го гради патот кон подобро здравје, обезбедувајќи услови кон постигнување на амбициозните цели за одржлив развој (ЦОР).

Одбраните трудови ќе бидат публикувани во „Евродијалог“ бр. 22, кое ќе биде објавено во дигитална форма на CD, на македонски и на англиски јазик. ЦРИС Студиорум ќе обезбеди превод на трудовите. Електронското издание на списанието, кое се објавува на веб-локацијата на „Евродијалог“ исто така ќе ги содржи сите текстови на македонски и на англиски јазик.

Инструкции за авторите:

  1. Текстот да биде со должина помеѓу 10 и 15 страници (4500-6000 зборови проверени со word count). Текстот се приложува во електронска форма на: evrodijalog@studiorum.org.mk.
  2. Текстот да биде отчукан во Word (било која верзија) без понатамошни дотерувања. Табелите и графиконите треба да се подготвуваат во наједноставна форма.
  3. Текстот треба да содржи:
    • име и презиме на авторот/рите и титула/и;
    • наслов и (евентуално) поднаслови;
    • кратка биографија за авторот/ите (1 реченица за секој автор);
    • Апстракт на македонски јазик (1/2 страница);
    • Апстракт на англиски јазик (1/2 страница); и
    • користена литература.
  4. Јазичната лектура и коректура ги обезбедува Редакцијата на „Евродијалог“.
  5. Повикувањето на користената литература треба да биде унифицирано според MLA style, односно според следниот пример:
Извор: Начин на цитирање
– книги: – во текстот: (Castells, p.236)
– на крајот од текстот (во референциите): Castells, M. The Rise of the Network Society, Blackwell Publishers, Oxford, UK, 1996.
– списанија: – во текстот: (Robins & Webster, 1998)
– на крајот од текстот (во референците): Robins, K. and Webster F., “The Iron Cage of the Information Society”, Information, Communication and Society, vol. 1, no. 1, Routledge Journals, Hampshire, UK,1998:44-57
– веб страници: – во текстот: (Greenfield, 1999)
– на крајот од текстот (во референците): Greenfield, D. “The Nature of Internet Addiction”, Meetings of the American Psychological Association, August 20, 1999, достапно на: www.virtual-addiction.com (пристапено: April 13, 2000)
– конференциски прилози: – во текстот: (Blau, 1998)
– на крајот од текстот (во референците): Blau, A. “Floods Don’t Build Bridges: Rich Networks, Poor Citizens, and the Role of Public Libraries”, Information Landscapes for a Learning Society, 29 јуни – 1 јули 1998, University of Bath, UK.

Рокот за поднесување трудови е 10 ноември 2016 година. Ве молиме да поднесувате само готови трудови или трудови кои се во финален нацрт! Ги замолуваме авторите при испраќањето на трудот да назначат дали трудот е финална верзија или финален нацрт. Готовите трудови се приложуваат до Редакцискиот одбор по електронски пат на: evrodijalog@studiorum.org.mk.

Со нетрпение ги очекуваме вашите трудови!

Редакциски одбор,
Списание за европски прашања „Евродијалог“
Скопје, 6 октомври 2016 година


Линк за симнување:
Повик за трудови за Списание за европски прашања „Евродијалог“ број 22 (.pdf)