ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

„Студиорум” ја потпиша Краковската декларација за јод

Задачи и одговорности за програмите за превенција и таргетирање на нарушувањата од јодниот дефицит

На 17 април 2018 година, европски истражувачи од 27 земји, вклучувајќи ја и Македонија, претставена преку “Студиорум” – член на ЕУтироид Конзорциумот, ги презентираа нивните истражувања во однос на нарушувањата од јодениот дефицит во рамките на иновативната иницијатива ЕУтироид финансирана од програмата на Европската комисија (Проект бр: 634453) на состанокот одржан на Јагелонскиот Универзитет во Краков, Полска.

Краковската Декларација ја признава загриженоста на Европските истражувачи за влошената посветеност на креаторите на политики во однос на нарушувањата од јодниот дефицит во Европа, и повикува на акција од страна на креаторите на политики преку преземање мерки за искоренување на јодниот дефицит, со цел намалување и избегнување на товарот врз здравствените системи.

Потписниците на Краковската декларација за јод упатуваат повик до креаторите на политики, јавно-здравствените власти, научниците и јавноста сите заедно да обезбедат стратегии за превенција од нарушувањата на јодениот дефицит и доволно ниво на јоден статус во Европа. Основните мерки на кои што повикуваат се:

  • Методи на превенција на нарушувања од јоден дефицит: Регулаторите и креаторите на политики треба да се усогласат во однос на задолжителноста на универзална јодинација на солта со цел да овозможат слободна трговија на фортифицирани прехранбени производи во Европа. На сличен начин и јодизираната добиточна храна бара регулаторни мерки со кои ќе се овозможи слободна трговија во рамките на ЕУ.
  • Контрола и превенција на нарушувања од јоден дефицит: Националните влади и јавно-здравствените власти треба да спроведуваат редовен и хармонизиран мониторинг и евалуација на програмите за фортификација, со цел да се осигури оптимално снабдување со јод кај населението.
  • Поддршка за превенција на нарушувања од јоден дефицит: Научниците заедно со јавно-здравствените работници, пациентските организации, индустријата и јавноста треба да ги поддржат мерките потребни за обезбедување одржливост на програмите за превенција на нарушувањата од јоден дефицит, согласно на динамиката на промени во животната средина и понатамошната социјална свест за проблемот.


Краковската Декларација за јод бара од националните влади и јавно-здравствените власти да бидат свесни за својата одговорност во овозможување доволен јоден статус на населението – наместо да се чекаат само научниците и другите засегнати страни. Ова е единствениот начин да се искоренат нарушувањата од јоден дефицит во Европа.

Повеќе информации, за Краковската декларација за јод се достапни на:
 http://www.iodinedeclaration.eu/declaration/

Корисни линкови:
http://euthyroid.eu/