ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Успешно организирана Национална консултативна работилница за Индексот на граѓанското општество за 2018 година

На 26 јуни 2018 година во ТЦЦ Гранд Плаза се одржа Национална консултативна работилница за Индексот на граѓанското општество за 2018 година, организирана од ЦРИС Студиорум, во рамки на акциско истражувачкиот проект Индекс на граѓанско општество – анализа и поддршка за развој на граѓанското општество, кој се спроведува во периодот 01.04.2016 – 30.6.2018 година.

Главната цел на проектот е да се промовира и зајакне граѓанското општество преку проценка и развој на препораки за политиките и мерки за унапредување на граѓанското општество. Спроведувањето на Индексот на граѓанското општество активно ги вклучува и дистрибуира своите наоди до широк спектар на чинители, вклучувајќи групи на интерес, владата, донаторската и академската заедница и пошироката јавност.

Работилницата ја отвори координаторот на проектот, Стефан Чичевалиев, по што на учесниците им се обрати Емина Нурединовска од Македонскиот центар за меѓународна соработка, која укажа на можноста за создавање на одржливо граѓанско општество со поддршка на програмата Цивика мобилитас, координирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка, Швајцарската агенција за развој и соработка, данската консултантска компанија НИРАС и шведската консултантска компанија СИПУ.

Националната работилница, како дел од консултативниот процес на Индексот на граѓанското општество, беше добра можност за презентација на методологијата и идентификување на потребите, предизвиците и препораките за развој и унапредување на граѓанското општество, како и за размена на искуства и добри практики на ефективна реализација на улогата на граѓанското општество.

Целите на Националната консултативна работилница за Индексот на граѓанското општество беа: презентација на добри практики од работата на граѓанските организации и дискусија за наодите, потребите и предизвиците на ГО на регионално ниво.

На работилницата учествуваа широк спектар на чинители и граѓански организации од седум плански региони, кои дискутираа за потребите и предизвиците на граѓанското општество на регионално ниво, и предлагаа препораки за унапредување на граѓанското општество на национално и локално ниво.

Воедно, презентирани беа три позитивни пракси кои преку граѓански ангажман постигнале општествена промена. Презентери на работилницата беа: Диоген Хаџи-Костов Милевски од Центарот за европски развој и интеграција – Битола, Давор Каракашев од Лајонс клуб Феникс – Скопје и Аријанит Џафери од Еко-Герила – Тетово.

Работилницата заврши со презентирање на заклучоците и препораките за унапредување на граѓанското општество на национално и локално ниво.

Корисни линкови: