ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Одбележување на првиот Европски ден за рационална употреба на антибиотиците

На првиот Европски ден за рационална употреба на антибиотиците оддржан на 18 ноември 2008 година, голем број на податоци укажуваат на појавувањето на бактерии кои се отпорни на третман со антибиотици, но и дека програмите за контрола во многу европски земји даваат резултати.

Основа за првиот Европски ден за рационална употреба на антибиотиците

Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците е европска иницијатива за јавно здравје, чија цел е да ја подигне свеста за проблемот со антибиотската резистенца, и да даде информации за тоа како сите може да делуваат кон задржување на ефикасноста на антибиотиците. Треба да се подигне свеста на докторите, сестрите, фармацевтите и конзументите за штетните последици од несоодветната употреба на антибиотиците. Фокусот на првото обележување на овој ден е на потребата за намалување на непотребната употреба на антибиотици. Непотребната употреба подразбира земање на антибиотици без истите да се препишани од доктор или барање антибиотиците да делуваат на вирусни инфекции како што се настинката или грипот. Кога се препишуваат антибиотици, луѓето треба точно да ги следат инструкциите од нивните доктори за тоа како да ги земаат и секогаш да ги завршат препишаните дози – дури и кога почнуваат да се чувствуваат подобро. Кампањата на Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици се обележува низ Европа по прв пат на 18 ноември 2008 година

Промотивни материјали на македонски и албански јазик

Известување за настанот во медиумите