ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Повик за потпишување на петицијата СТОП за цервикалниот рак

Повеќе од 80% од случаите на цервикален рак може да се спречат со организиран скрининг, а сепак голем дел од жените во Европа немаат пристап до овие програми. Петицијата СТОП за цервикалниот рак организирана од Европската асоцијација за цервикален рак (ЕЦЦА) го повикува Европскиот праламент, Европската комисија и националните влади да го поддржат отворањето на вакви програми во цела Европа со што ќе овозможат заштита на овие жени од оваа болест.

Ве охрабруваме да се потпишете на www.CervicalCancerPetition.eu сега, и да го препратите овој линк до вашите пријатели и контакти. Заедно, можеме да обезбедиме овие програми да бидат достапни на сите жени во Европа. Официјална веб страница

Петицијата СТОП за цервикалниот рак организирана од ЕЦЦА има поддршка од Институтот за заштита на јавното здравје

Одговор од Републичкиот институт за здравствена заштита во врска со петицијата СТОП за цервикалниот рак:

Почитувани,
Во врска со петицијата СТОП за цервикалниот рак во Европа, наше задоволство е да Ве известиме дека Република Македонија ја има ставено превенцијата на цервикалниот рак на нејзината агенда за приоритетни проблеми врзани со јавното здравје, има предвидени мерки и активности… (прочитај го целиот текст на писмото)