ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Плодни дискусии на конференцијата на Студиорум/ИОО за Ромите и јавното здравство во Македонија

На 22 јануари 2009 година во хотел Холидеј Ин во Скопје, ЦРИС Студиорум и Институтот отворено општество (ИОО) организираа еднодневна конференција на тема „Јавното здравство во Македонија и Ромите: Како досега и понатаму?”, подржана од ИОО програмата за јавно здравство. Г-ѓа Неда Милевска-Костова од Студиорум и Г-ѓа Славица Инџевска од ИОО ја отворија конференцијата со најава за два информативни панели. Првиот панел „Предизвици во имплементацијата на законите, политиките и плановите поврзани со здравствени услуги за Ромската популација во Македонија”, даде простор за седум говорници претставници од владините институции и од граѓанските организации кои направија пресек на актуелната ситуација и приоритетите кои се однесуваат на здравјето на Ромската популација. На вториот панел беа презентирани позитивни искуства и практики од земјава и од регионот. Г-ѓа Маријана Бучеану (Романија) од Националната агенција за Роми на Романија, Г-дин Марјан Муратовиќ (Србија) од Центар за едукација и здравје „JAK – ER” и Г-дин Ерол Адемов (Република Македонија) задолжен за прашања на заедниците во Општина Штип, дадоа придонес на дискусијата преку презентирање на позитивни искуства од нивните средини поврзани со јавното здравство. Големиот број присутни на конференцијата придонесе за развивање на плодна дискусија и создавање на здрава основа за понатамошна акција.

[nggallery id=1]