ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Извештај од 3тиот состанок на самитот за цервикален рак во Европскиот парламент

Две и пол години откако Европската комисија даде дозвола за првата вакцина за Human papillomavirus (ХПВ), причинителот на цервикалниот рак, околу 15 европски земји спроведоа национални програми за вакцинација. Ова беше еден од главните наоди претставени на 3от состанок на самитот за цервикален рак кој се одржа во Европскиот парламент на 21 јануари, како дел од европската недела за превенција на цервикален рак (18-24 јануари). Овој извештај цитира и скорешни статистики за слабо-организирани програми за скрининг програми на цервикален рак: само во седум Земји-членки на Европската унија има спроведено скрининг програми на целата територија на државата (Данска, Франција, Унгарија, Холандија, Словенија, Шведска и Велика Британија), додека во осум други земји овие програми се во тек.

Самитот беше организиран од Политичари за превенција на цервикален рак (ППЦР/ PCCP), европска мрежа на политичари кои работат да ја олеснат имплементацијата на организираните скрининг програми за цервикален рак во цела Европа. На состанокот, трите заседавачки, Јоланта Дикут, Гленис Вилмот и Франсоаз Гросет (сите три членки на Европскиот парламент), повикаа на итна акција во земјите кои заостануваат на ова поле. „Сега е јасно дека скрининг програмите за цервикален рак кои ефективно комбинираат организиран скрининг со ХПВ вакцинација може скоро целосно да ја спречат појавата на смртни случаи од оваа смртоносна болест. Со оглед на можните придобивки за жените во Европа на вака организираните скрининг програми за превенција на рак, ППЦР ќе продолжи да работи во рамки на парламентите во Европа со цел да обезбедат правичен пристап до истите за сите жени во Европа без понатамошни одлагања.“

120те учесници, меѓу кои и парламентарци во Европскиот парламент, парламентарци од националните парламенти, специјалисти за рак, групи на пациенти, вице-Премиерката на Хрватска – Јадранка Косор, и Рејчел Бенет – која боледувала од цервикален рак. Без презентирани и посебни студии на случаи за сегашниот статус со скринингот или програмите за вакцинација во Норвешка, Словенија, Франција, Протугалија, Србија и Грузија.

Галерија со фотографии од состанокот на самитот за цервикален рак кој се одржа во Европскиот парламент: http://www.flickr.com/photos/quarsan/tags/ecca09/