ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Повик за текстови – Евродијалог

EvrodijalogЦентарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум” објави повик за текстови за пролетното издание на Евродијалог, Списание за европски прашања. Повикот ќе биде отворен до 15 март 2009 година, препорачливо е до тогаша да се достават целосните текстови или разработени предлози.

Ги охрабруваме сите оние кои остражуваат на теми поврзани со ЕУ законодавство, економија, јавна администрација, меѓународни односи, политички науки, комуникации, нови технологии и општество, енергетика, животна средина, здравје итн. да ги достават своите текстови.

Текстовите ќе бидат објавени на македонски јазик, текстовите кои ќе бидат доставени на англиски јазик ќе бидат преведени на македонски јазик.