ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Повик за трудови: Евродијалог, списание за европски прашања

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум” објавува повик за трудови за есенското издание на Евродијалог, списание за европски прашања, број 12. Повикот е отворен до 15 септември 2009 г., за приложување на КОМПЛЕТНИ текстови или завршни драфт-текстови.
Ги охрабруваме сите тие кои истражуваат за различните прашања на ЕУ од областа на правото, економијата, јавната администрација, меѓународни односи, политички науки, комуникации, нови технологии и општество, енергетика, животна средина, здравство, итн., да ги приложат своите трудови.

Евродијалог број 12 ќе даде предност на истражувачките теми кои третираат прашања релевантни од перспективата на Копенхаген критериумите и кои се фокусирани на анализа и студии на случај во однос на потребите и условите кои потекнуваат од ЕУ acquis.

Одбраните трудови ќе бидат печатени (во тврдо издание) на македонски јазик, со дополнителен превод за трудовите кои ќе бидат приложени на англиски јазик. Електронското издание на Евродијалог број 12 ќе ги содржи и оригиналните текстови и нивниот превод на македонски јазик.

Инструкции за авторите може да се преземат од www.evrodijalog.eu. Готовите трудови се приложуваат до Уредничкиот одбор преку електронска пошта evrodijalog@studiorum.org.mk не подоцна од 15 септември 2009г.

Уреднички одбор,
Евродијалог, списание за европски прашања

За понатамошни информации, посетете ги: www.studiorum.org.mk и www.evrodijalog.eu