ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Конференција “Борба против корупција за подобро управување”

ЦРИС Студиорум во соработка со FPDL “Partners Foundation for Local Development”, Романија и УНДП канцеларијата во Македонија беше домаќин на еднодневна конференција на тема “Борба против корупција за подобро управување”. Конференцијата се одржа на 15 октомври 2009 г. во Скопје.

Цел на конференцијата за практичари по антикорупција беше ги донесе на едно место различните програми во Македонија за тие да разменат искуства и знаења, да ги проценат своите пристапи, алатки и резултати во борбата против корупција на локално ниво, да идентификуваат научени лекции и да предложат препораки за тоа како поефективно да се лечи и превенира корупцијата кај локалната власт и воедно да се зголеми интегритетот, транспарентноста и одговорноста. Учесници на конференцијата, кои претходно беа идентификувани и поканети, вклучуваа домашни и меѓународни експерти и заинтересирани страни кои се занимаваат со прашањето на корупција на локално ниво.

Конференцијата беше креирана да ги вклучи учесниците во процес на генерирање на идеи, со цел да се искористи искуството на сите присутни и да се создаде заедничко разбирање за потребните подобрувања кои би можеле да се вклучат во идни програми наменети на оваа тема. Идните интервенции за цел би имале да го подобрат работата на единиците на локална самоуправа и да ја вратат довербата и почитта на граѓаните кон нив.

На конференцијата се обратија следните спикери/предавачи: