ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Заврши вториот круг на Пилот обуката за активно граѓанско учество

03 декември 2009 година, 11:00 часот во ЕУ Инфо Центар, Скопје

Центарот за регионални истражувања и соработка Студиорум (ЦРИС Студиорум) со поддршка на Асоцијацијата на агенции на локална демократија (Association of Local Democracy Agencies, ALDA) ја спроведе втората година на пилот обуката за активно граѓанство. Оваа обука има за цел да го зајакне капацитетот и знаењето на локалните власти и граѓанските организации за активното граѓанско учество во македонски и европски контекст.