ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Програма за практичари по антикорупција (ПАП) последователна средба, ноември 27-29, 2009, Истанбул, Турција

ЦРИС Студиорум беше поканет да земе учество на 12тата средба во рамките на програмата “Working Together” организирана од Partners Foundation for Local Development – ФПДЛ од Романија. Средбата исто така служеше за евалуација на ПАП програмата за 2009 во која Студиорум зеде учество од самиот почеток.

Целите на средбата беа членовите на ПАП мрежата да:

  • Споделат информации за проектите во 2010 за лекување и превенција на корупција на локално ниво,
  • Споделат искуства за пречките во имплементирање на антикорупциските интервенции кај локалните власти и решенијата истите да се надминат,
  • Дискутираат како да се дефинираат производите на антикорупциските интервенции и како да се развијат индикатори за мерење на постигнатото,
  • Да научат за мрежата ТИРИ и можностите за соработка,
  • Да се зајакнат врските и да се идентификуваат можностите за соработка помеѓу членовите на мрежата.

На средбата учествуваа 35 учесници од 18 земји:

  • Учесници од ПАП програмата во 2009: 16 практичари од 10 земји (Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грузија, Македонија, Полска, Романија, Русија, Србија и Чешка),
  • Практичари кои беа вклучени во 2008 во имплементирањето на антикорупциската методологија преку работа со локалните власти во нивните држави: 7 практичари од 5 земји (Албанија, Македонија, Молдавија, Романија и Словачка),
  • Претставници од меѓународни и тренинг организации: 12 лица (ЛГИ, ТИРИ, ФИООМ, ФПДЛ, МРМ- Турција).

Средбата исто така беше можност за ФПДЛ да го прослави својот 15 јубилеј заедно со нејзината меѓународна мрежа на колеги и поддржувачи. Честит 15ти роденден ФПДЛ!