ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Меѓународен ден за борба против корупцијата 9 декември – Студиорум и Европски Линк Центар, Гостивар

ivana_gostivarПо повод меѓународниот ден за борба против корупцијата, 9 декември, граѓанската организација Европски Линк Центар од Гостивар заедно со Општина Гостивар и УНДП канцеларијата во Македонија организираше јавна дебата што воедно беше и одбележување на датумот 9 декември во рамките на општината Гостивар. ЦРИС Студиорум беше поканет да ги претстави своите активности во полето на децентрализација, вклучувајќи ги и активностите поврзани со анализите на ранливоста на општините во Македонија кон притисоците за корупција. Дебата која се разви по презентациите стави акцент на едукацијата на младите во однос на разорувачите ефекти од корупцијата врз околината и развојот на една општина. Г-дин Музафер Салиу, Претседател на Европскиот линк центар изјави дека со ваквите активности и влијанието на свеста на младите, ќе се влијае и врз промена на системот ранлив на корупција.