ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

ЕЦЦА ќе ја додели наградата „Бисер на мудроста“ на Студиорум и неговите партнери

Проектот „Прогресивна имплементација на програмата за организирана превенција на цервикален рак“ беше избран од членките на Европската асоцијација за цервикален рак (ЕЦЦА) за наградата Бисер на мудроста на претстојниот Состанок за цервикален рак, кој ќе се одржи во Европскиот парламент на 26-27 јануари 2010 година.

ecca_banner-macedonia_thumbНаградите се доделуваат по завршувањето на гласањето за наградата Бисер на мудроста за рак на грло на матка за 2010 година. Добитниците се:

Бугарија – Застани и оди на преглед – Министерство за здравство на Бугарија

Хрватска – Кампања „Се за неа“ – Хрватски национален советодавен одбор за превенција на цервикален рак

Србија – ДЕЦЕНА пилот скрининг програма за цервикален рак во автономната единица Војводина, Србија

Ирска – Ирска програма за подигнување на свеста и лобирање за превенција на цервикален рак 2008-9

Полска – Имплементација и развој на национална, организирана програма за скрининг за цервикален рак за целото население во Полска

Португалија – Португалско роуд-шоу “Passa a Palavra”

Македонија – Прогресивна имплементација на програмата за организирана превенција на цервикален рак во Македонија

Босна и херцеговина – Пилот скрининг програма за цервикален рак – Превенцијата пред сѐ

Франција – Скрининг за цервикален рак на пониските социоекономски групи, малцинства и иммигранти во регионот Марсеј

Романија – Пилот програма за прогресивна имплементација на широка скрининг програма на целата популација за цервикален рак во Трансилванија

Романија – Мобилна единица за скрининг за рак на дојка и цервикален рак во Романија

Линкови:

Документи: