ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Е-панели: промовирање на граѓанското учество и волонтерство во поширока Европа

Проект Е-панели е дизајниран да се осврне на прашањето на премостување на јазот помеѓу граѓаните и Европската Унија на иновативен начин. Како што знаеме, граѓанските панели, кои претставуваат група на граѓани кои генерално не се вклучени во прашања поврзани со ЕУ, се најчест начин да се соработува со граѓаните и да се разменуваат идеи околу иднината на Европската Унија и нејзините ефекти врз граѓаните. Новиот метод предложен со овој проект е создавање на електронски панели (“Е-панели”) со цел да се зголеми бројот на граѓани од различна возраст, пол и припадност и да им се овозможи преку овие онлајн панели да ги искажат своите мислења за прашањата поврзани со ЕУ-политиките кои ги засегаат во секојдневниот живот. Целта е да се тестира оваа нова димензија на методологија на граѓански панели за да се види дали претставува релевантен инструмент за промовирање на граѓанското учество.

banner

Приближување на ЕУ до граѓаните е еден од најголемите предизвици денес, не само во нашата земја туку и во земјите од Европската Унија. Проектот се стреми да го промовира и објасни “европскиот проект” на граѓаните, но исто така да ги вклучи во создавање на дефиницијата на истиот.

Проектот Е-панели ќе овозможи:

  1. Да се добијат мислењата на граѓаните во однос на некои важни европски предизвици кои не очекуваат: за време на процесот на имплементација, проектот ќе ги собере мислењата на граѓани од 6 земји (3 земји членки на ЕУ и 3 земји кандидати) на тој начин овозможувајќи во предвид да се земат мислењата на идните граѓани на ЕУ по однос на важни прашања, како на пример, како да се подобри граѓанското учество со фокус на примена на ИКТ технологијата и волонтерството;
  2. Да се создадат механизми кои ќе им дозволат на европските граѓани да развијат граѓански компетенции со цел да ги формулираат нивните гледишта и мислења во однос на процесот на европски интеграции во форма на препораки за креаторите на политики на Европско ниво;
  3. Да се поттикне дијалог помеѓу Европските граѓани и институциите на ЕУ: за време на завршната конференција, донесените препораки ќе бидат приложени до официјалните претставници на ЕУ и ова ќе претставува можност за граѓаните директно да стапат во контакт со нив.

Проектните активности се базирани на партиципативни методи (ИКТ алатки, граѓански панели, споделување на информации и градење на мислења) кои целат кон вклучување на граѓаните во сите различни чекори на проектот. Употребената методологија се карактеризира со активна интеракција помеѓу сите вклучени страни (граѓани, локални власти, ЕУ институции…), со цел да се поттикне и потпомогне активното учество на граѓаните и да се промовира дијалог помеѓу нив и ЕУ институциите.

Проектот Е-панели е дизајниран да се осврне на прашањето на премостување на јазот помеѓу граѓаните и властите на иновативен начин. Зближувајќи ги власти и граѓаните е еден од најголемите предизвици, не само во нашата земја туку и во Европската Унија. Промоцијата на активното граѓанско учество и учеството на граѓаните во донесувањето на одлуки e помогнато од користење на информациски и комуникациски технологии, со што се негува демократскиот напредок на една земја.

Целта на проектот е:

  1. Консолидирање на методологијата на ‘граѓанските’ панели, додавајќи нова димензија, т.е. е-димензија;
  2. Проширување на бројот на учесниците во панелите вклучени преку употребата на ИКТ и онлајн форум;
  3. Отворање дискусија на специфична тема, т.е. нови институционални напредоци, со концентрирање на прашањето за граѓанско учество;
  4. Промоција на активното граѓанско учество преку употребата на нови технологии.

Проектот ќе се состои од креирање на ‘е-панели’ вклучувајќи и граѓани од различна возраст, пол и припадност.