ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Е-Панели: Промовирање на граѓанско учество и волонтерство во поширока Европа

e-panelsЕ-Панели:

Промовирање на граѓанско учество и волонтерство во поширока Европа
3-4 март, 2010 г.
Хотел Карпош, Скопје

Центарот за регионални истражувања и соработка “Студиорум” и Асоцијацијата на локални агенции за демократија (АЛДА) ја организираа Воведната меѓународна конференција за започнување на проектот Е-панели: Промовирање на граѓанско учество и волонтерство во поширока Европа”. Конференцијата го одбележи почетокот на едногодишната иницијатива, која ќе се реализира во соработка со “House of Europe“, Франција, “FIB” од Шпанија, “Association for European Partnership” од Бугарија, Локални агенции за демократија од Осијек и Сисак, Хрватска, “Horizont” од Албанија и ЦРИС Студиорум како партнерска организација од Република Македонија.

Првата меѓународна конференција се одржа на 3-4 март, 2010 година во Хотел Карпош, Скопје, Република Македонија. На конференцијата се обратија:

Проектот Е-панели има за цел да развие чувство на европски идентитет, основан на заеднички вредности, историја и култура; да им даде можност на граѓаните да остварат контакти и да учествуваат во проширената Европа преку дебати за тоа како да се подобри граѓанското учество, со фокус на алатки и процеси, како ИКТ алатките и волонтерството. Токму преку овие алатки целта е да се промовира чувството на припадност кон Европската Унија, да се зголеми толеранцијата и взаемното разбирање помеѓу европските граѓани, да се почитува и промовира културната и јазичната разноликост, придонесувајќи кон збогатен меѓукултурен дијалог.

Повеќе за проектот

Дневен ред на настанот

[nggallery id=8]