ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Повторно отворање на Локална агенција за демократија (ЛДА) во Косово, 10-12 февруари, Косово

Претставници на ЦРИС Студиорум учествуваа во серија состаноци организирани од Асоцијацијата на локални агенции за демократија (АЛДА) на 10 и 11 февруари во Приштина и Печ по повод планираното повторно отворање на Локална агенција за демократија во Косово. Состаноците се одржаа во просториите на Заедницата на општини на Косово и во Општина Печ.