ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Учество на состанокот на европската иницијатива „Соработка за намалување на сиромаштијата“

copore_confГлавната цел на КОПОРЕ е да се состават насоки и препораки кои би биле корисни за развивањето на компетенции за намалување на сиромаштијата, додека пак целта на овој состанок е да ги дефинира компетенциите кои им се потребни на здравствените, социјалните и образовните работници за да делуваат во насока на намалување на сиромаштијата.

Билјана Котевска, претставничка на ЦРИС Студиорум, ќе учествува на состанокот организиран од инцијативата “Соработка за намалување на сиромаштијата“ (Cooperation for Poverty Reduction – COPORE) кој ќе се одржи од 23 до 24 април 2010 година во Амстердам. Работата на КОПОРЕ состанокот ќе биде организирана во пет работни групи. Од работата на овие групи ќе произлезе КОПОРЕ извештајот. Петте работни групи се:

  • Интердисциплинарен пристап во социјална и здравствена грижа за спречување и борба со сиромаштијата;
  • Пристапи кон развојот на заединцата и учеството на клиентите во решавањето на нееднаквостите во здравството;
  • Превентивни пристапи како и пристап за дофат до одредени групи;
  • Намалување на нееднаквостите во образованието; и
  • Работа и безработица.

ЦРИС Студиорум ќе го даде својот придонес во КОПОРЕ извештајот преку постер презентација на резимето “Обезбедување на национално здравствено осигурување со цел зголемување на пристапот до здравствена заштита и намалување на сиромаштијата“ како добра практика од Македонија во рамки на првата работилница “Интердисциплинарен пристап во социјална и здравствена заштита за спречување и борба со сиромаштијата “.

Резиме: “Обезбедување на национално здравствено осигурување со цел зголемување на пристапот до здравствена нега и намалување на сиромаштијата”

Корисни линкови: