ЦРИС Студиорум
CRPRC Studiorum

Оглас за работно место – Административен асистент

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум” објавува оглас за работно место на позиција – Административен асистент.

Кандидатот за позицијата треба да ги исполнува следните услови:

  • Да има завршено високо образование;
  • Да има минимум една година искуство во канцелариско работење и администрација (познавање од финансиско работење ќе се смета за предност);
  • Одлично познавање на англискиот јазик – говорен и административна комуникација (познавање на други јазици ќе се смета за предност);
  • Напредно познавање на работа со компјутер;
  • Прилагодливост, отвореност и флексибилност за тимска работа и добри комуникациски вештини (вештини за презентирање ќе се сметаат за предност).

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Детална биографија со детали за контакт (на македонски или англиски јазик);
  • Писмо за мотивација за пријавување на оваа позиција на македонски јазик;
  • Копија од диплома (или уверение за положени испити) за завршено високо образование и други релевантни сертификати.

Потребните документи да се испратат по е-пошта на info@studiorum.org.mk
не подоцна од 05 октомври 2010 година.